При купувањето на недвижнини секојдневно се среќаваат клиенти кои се незадоволни од извршената купопродажба. Чувството на измаменост и непријатните ситуации, може да се избегнат доколку претходно во процесот на барање на Вашиот иден имот, обрнете внимание на неколку наизглед небитни моменти, кои верувајте сите купувчи ги доживуваат и со нив се сретнуваат. Вие не сте исклучок!
-
Пред се проверете дали продавачот има важечки имотен лист (Законски сопственик или сопственици, квадратура, право на сопственост/право на користење...)
-
Најдете добра агенција која зад себе има задоволни клиенти. Купувањето со посредство на агенција (добра агенција), ќе ви заштеди многу време, труд и непотребни нервози.
-
Следете ги Вашите чувства. Доколку нешто не ви е пријатно, понатаму само ќе станува полошо.
-
Сите прашања што ги имате поставете ги пред да го склучите договорот.
-
Не “паѓајте” на ”се ќе се среди”, ”нема никаков проблем само Вие потпишете”. Или уште полошо, никако несмеете да исплатите 100% од цената пред да недостатоците кои сте ги забележале, не бидат комплетно одстранети.
-
Осигурајте се за квалитетот на изведбата на поправките.
-
При потпишувањето на договорот осигурајте се дека ги имате сите документи.
-
Никогаш не потпирајте се на усни договори.
Доколку купувате или изнајмувате стан, куќа или деловен простор проверете:
-
Дали сите претходни сметки се платени.
-
Проверете ја електричната, водоводната, телефонската инсталација, како и целата друга комунална инфраструктура.
-
Проверете ја состојбата на вратите и прозорите.
-
Проверете го покривот, плафонот и подот.
-
Не секогаш новата градба функционира.
-
Доколку имотот е наместен проверете ја состојбата на мебелот.
-
Лично уверете се дека сервисот е извршен квалитетно.