Пред да се одлучите да продадете:
-
Најдете добра и проверена агенција на која ќе и верувате;
-
Проверете дали имотот има некакви обврски (пр. Хипотека), посебно во случај на наследство;
-
Одредете ја цената на пазарот;
-
Одредете колку ќе Ве чини ангажирањето на агенцијата како посредник;
-
Одстранете ги нештата кои ќе ја намалат вредноста на Вашиот имот;
-
Договорете се со агенцијата да бидат објавени слики од Вашиот имот во нивната понуда.
Неколку причини кои треба да се елиминираат:
-
Нечистиот пристап до Вашиот објект;
-
Скршени скали;
-
Разрушена фасада;
-
Молци, глувци, бубашваби, пајаци и сл. ;
-
Влажни и несредени подруми;
-
Скршени стакла;
-
Покрив и тавани кои протекуваат;
-
Недовршени градежни работи.
Дополнителни ситници кои може да го одвратат потенцијалниот купувач од купување на Вашиот имот:
-
Непријатен мирис од цигари, готвење, од домашни миленичиња или сл.
-
Контролирајте ги Вашите домашни миленици доколку се во објектот што го продавате. Доколку сте во можност најдобро е да истите не се присутни додека купецот е во разгледување на истиот;
-
Исчистете го купатилото;
-
Темните простории ги одвраќаат повеќето купувачи;
-
Постерите кои Вие ги сакате може да не се по вкусот на купецот;
-
Додека купувачот го разгледува Вашиот имот, дозволете да го води агентот, дури и ако сте во можност, немојте да сте присутни во моменти на презентирање.