Инвестирајте мудро !

| Ново | Пребарување | Сите имоти | Агенции | Бидете во тек | Контактирајте нè | Линкови

 

При купувањето на недвижнини секојдневно се среќаваат купувачите кои се незадоволни од извршената купопродажба. Чувството на измаменост и непријатните ситуации, може да се избегнат доколку претходно во процесот на барање на Вашиот иден имот, обрнете внимание на неколку наизглед небитни моменти, кои верувајте сите купувчи ги доживуваат и со нив се сретнуваат. Вие не сте исклучок!

1.      Пред се проверете дали продавачот има валиден имотен лист.

2.      Најдете добра агенција која зад себе има задоволни клиенти. Купувањето со посредство на агенција (добра агенција), ќе ви заштеди многу време, труд и непотребни нервози.

3.      Следете ги Вашите чувства. Доколку нешто не ви е пријатно, понатаму само ќе станува полошо.

4.      Сите прашања што ги имате поставете ги пред да го склучите договорот.

5.      Не паѓајтена се ќе се среди,  нема никаков проблем само Вие потпишете. Или уште полошо, никако несмеете да исплатите 100% од цената пред да недостатоците кои сте ги забележале, не бидат комплетно одстранети.

6.      Осигурајте се за квалитетот на изведбата на поправките.

7.      При потпишувањето на договорот осигурајте се дека ги имате сите документи.

8.      Никогаш не потпирајте се на усни договори.

 Доколку купувате или изнајмувате стан, куќа или деловен простор проверете: 

  1. Дали сите претходни сметки се платени.
  2. Проверете ја електричната, водоводната, телефонската инсталација, како и целата друга комунална инфраструктура.
  3. Проверете ја состојбата на вратите и прозорите.
  4. Проверете го покривот, плафонот и подот.
  5. Не секогаш новата градба функционира.
  6. Доколку имотот е наместен проверете ја состојбата на мебелот.
  7. Лично уверете се дека сервисот е извршен квалитетно.

 

 

 

 

 
 
 

  Ново | Пребарување | Сите имоти | Агенции | Бидете во тек | Контактирајте нè | Линкови

Copyright © Imoti.com.mk
Designed by Srcka.net