Пред да се одлучите
да продадете:
-
Најдете добра и
проверена
агенција
на која ќе и верувате;
-
Проверете дали имотот има некакви обврски (пр. Хипотека),
посебно во случај на наследство;
-
Одредете ја цената на пазарот;
-
Одредете колку ќе Ве чини ангажирањето на агенцијата како
посредник;
-
Одстранете ги нештата кои ќе ја намалат вредноста на Вашиот
имот;
-
Договорете се со агенцијата да бидат објавени слики од Вашиот
имот во нивната понуда.
Неколку причини кои треба да се елиминираат:
-
Нечистиот пристап до Вашиот објект;
-
Скршени скали;
-
Разрушена фасада;
-
Молци, глувци, бубашваби, пајаци и сл. ;
-
Влажни и несредени подруми;
-
Скршени стакла;
-
Покрив и тавани кои протекуваат;
-
Недовршени градежни работи.
Дополнителни ситници кои може да го одвратат потенцијалниот купец
од купување на Вашиот имот:
-
Непријатен мирис од цигари, готвење, од домашни миленичиња или
сл.
-
Контролирајте ги Вашите домашни миленици доколку се во објектот
што го продавате. Доколку сте во можност најдобро е да истите
не се присутни додека купецот е во разгледување на истиот;
-
Исчистете го купатилото;
-
Темните простории ги одвраќаат повеќето купувачи;
-
Постерите кои Вие ги сакате може да не се по вкусот на купецот;
-
Додека купецот го разгледува Вашиот имот, дозволете да го води
агентот, дури и ако сте во можност, немојте да сте присутни во
моменти на презентирање.
|

BRAMAC ПОКРВНИ
ЕЛЕМЕНТИ

ГЕНЕРАЛЕН
ЗАСТАПНИК ЗА МАКЕДОНИЈА
ТОНКО С Р
КОЧАНИ
|
 |