Инвестирајте мудро !

 

| Ново | Пребарување | Сите имоти | Агенции | Бидете во тек | Контактирајте нè | Линкови

Почитувани посетители на нашата WEB страница,

преку нас и неисцрпните можности на интернетот, Ви нудиме брзо, ефикасно и ефтино да ги пласирате, односно консумирате сите можни информации во врска со понудата и побарувачката на станови, куќи, викендици, ниви и друг недвижен имот во Македонија.

    WEB страницата е креирана, на агенциите за недвижности да им овозможи со мали вложувања, максимално да ги објавуваат своите понуди, при тоа да ги сведат на минимум вообичаените трошоци за маркетинг, WEB дизајн, WEB hosting и слично.

    Нашето искуство и постојаното испитување на Интернет маркетингот на оваа страница и обезбедуваат висок меѓународен рејтинг и преку меѓународните интернет пребарувачи, достапност до многу посетители не само од Македонија, туку и од целиот свет.

    Imoti.com.mk исто така овозможува на приватните лица, сопственици на недвижен имот, подобро и побрзо да пронајдат соодветна агенција за нивните потреби, за продажба или изнајмување.

    Нудејќи Ви голема база на податоци за недвижностите што се продаваат или изнајмуваат од страна на агенциите во Македонија, Ви овозможуваме полесен и побрз избор за Вашиот стан или куќа, деловен простор или плац во главниот град, викендичка во Маврово, апартман во Охрид, лозје во Тиквешијата, нива во Кочанско и Струмичко или ливада во Малешевијата.

    Покрај тоа тука може да сретнете голем избор на производи и услуги што се непосредно во врска со недвижностите.

   Се надеваме дека Imoti.com.mk  ќе ги доближи продавачите и купувачите и дека информациите објавени тука ќе бидат од обострана корист.

За сите дополнителни информации контактирајте не.

 

Imoti.com.mk тим

 

                Europe Real Estate Directory

 

 

   

 
 

  Ново | Пребарување | Сите имоти | Агенции | Бидете во тек | Контактирајте нè | Линкови

Copyright © Imoti.com.mk
Designed by Srcka.net